Македонија
2. February 2018 - 13:31

Ја отворил вратата со клуч, па земал се што нашол - кражба од 16.000 евра го потресе Скопје

Тешка кражба во стан во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје О.Б. (46) пријавил дека истиот ден во периодот од 07.40 до 17.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на ул. “Венјамин Манџуковски“.

Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лични документи, платежна картичка, машки и женски рачен часовник, девизи (евра, долари и турски лири во вредност од околу 150.000 денари), 40.000 денари, дозвола за пиштол и разновиден златен накит. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 900.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.