Ја критикуваат дека постојано е на високи потпетици, но Меган Маркл има добра причина за тоа
Високите потпетици станаа заштитен знак на војвотката од Сасекс.
Но, по посетата на Даблин на стадионот „Крок Парк“ минатата недела, многу луѓе се прашуваат зошто Меган Маркл одлучила на тревникот да гази со високи потпетици.
Но, има многу добра причина зошто таа одбегнува рамни обувки и зошто, откако се омажила за принцот, само еднаш ја видовме во сандали. Имено, како што пишува британски „Гламур“, Меган продолжува да носи штикли за да таа и Хари изгледаат попријатно, бидејќи е 19 сантиметри повисок од неа.
Меган е висока 167 сантиметри, а Хари 186 сантиметри.
-Двојките со голема разлика во висината изгледаат несоодветно на фотографиите и често пониските лица изгледаат дури и пониски отколку што се. Затоа, Меган постојано носи штикли за да ја намали оваа разлика, објаснува Глен Грејтон од „Гламур“.
Единствено кога Меган носела рамни сандали, откако се омажила за принцот,било на почетокот на месецот на поло-турнирот во кој Хари учествувал, но не дошле заедно, туку војвотката бил во друштво на нејзината добра пријателка Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж