Џет-Сет
14. September 2017 - 9:05

Ја изгуби битката со болеста - почина актерката родум од Скопје со богата кариера во Сараево

Во Сараево синоќа во 65. година од животот почина актерката Нада Ѓуревска, една од најзначајните босански актерки.

Добитничка на бројни награди и признанија, последните месеци имаше проблем со болеста. Во 2014 година стана добитничка Шестоаприлската награда на градот Сараево.

Нада Ѓуревска е родена на 8 јануари 1952 година во Скопје.

Како шестгодишно девојче, 1958 година стигнала во Сараево. Основно училиште завршила во „Хасан Кикиќ“, каде била исклучителен ученик, а потоа и матурирала во Средното медицинско училиште, по што запишала глума. Ниту еден култен босански филм почнувајќи од „Игмански марш“, не можеше да помине без појавувањето на Нада.

Секако, највпечатливо улога оствари во Хасанагиница. Освен Шестоаприлската награда на градот Сараево, добитничка е и на Златна Арена на Филмскиот фестивал во Пула (Од злато јаболко), Златниот ловоров венец за придонес во уметноста на театарот МЕСС 2002 и наградата СИЗ на градот Сараево.

По врачувањето на Шестоаприлската награда на градот Сараево 2014 година, изјави дека се повлекува од сцената по 40 години работа.

Играше во низа филмови: Млечниот пат (2000), Виза за иднината: Новогодишен специјал (2002,2003 и 2004), Кај чичко Идриз (2004), Добро наштимани мртовци (2005), Небо над пејсажот (2006), Грбавица (2006), Слуњски ридови - живот или смрт (2006), И јас на тебе (2009), Јасмина (2010), Одбрана и заштита (2013), Имиња на вишните (2015), како и во сериите: Детство на младоста (1979), Тале (1979), Приказни од фабриката (1985), Ранет (1989), Стратегија на свраката (1990), Алекса Шантиќ (1992), Мумиеви (1997), Виза за иднината (2002-2008), Микрофонот е ваш (2006), Жените од бројот 13 (2009), Домашни миленичиња (2009-2010), Фолиранти (2011-2012).