Македонија
24. јуни 2018 - 13:02

Ја испрскал вратата со бензин и ја запалил - кумановската полиција трага по сторителот

Пироман подметнл пожар во семејна куќа во Куманово. Како што стои во билтенот на МВР,  вчера  околу 22,00 часот во Куманово на ул.„Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65) кој живее на истата улица , непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.

По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.