Живот
30. November 2017 - 10:59

Ја исфрлил сопругата од дома за својата секретарка – ова е одмаздата

Маж по име Џејк по 37 години брак, ја оставил својата жена Едит поради секретарката.

Неговата нова девојка побарала да живее во нивната луксузна куќа.

Тој имал добри адвокати и ја победил Едит на суд, па ја добил куќата.

Едит морала да ја напушти куќата во рок од три дена.

Ги сапкувала своите работи, а третиот ден седела во кујната, пуштила тивка музика и јадела шкампи и кавијар со вино. Дошла до идеја како да се освети.

Ставила кавијар и шкампи во корнизите од секоја соба и миризбата почнала да се чуствува по целата куќа. Џејк и неговата девојка не можеле да ја поднесат миризбата и правеле се за да се ослободат од неа. Чистеле, користеле освежувачи, ги фрлиле теписите, го промениле мебелот, но џабе. По некое време дури и послугата дала отказ и никој повеќе не им доаѓал на посета.

Џејк и неговата љубовница по некое време решиле да ја продадат куќата, но дури со помала цена не можеле да најдат купец. По некое време, Едит му се јавила на Џејк кој рекол дека цела куќа смрди. Таа го сослушала и му рекла дека многу и недостасува куќата и ја сака назад, без оглед на тоа дека мириса. Џејк едвај тоа го чекал и се договориле да и ја предаде куќата, но под услов новиот мебел да си го земат во новата куќа.

Едит се согласила и преселбата била завршена – Џејк и љубовницата однеле баш се, вклучувајќи ги и корнизите.