Џет-Сет
2. February 2016 - 18:20

"Ја гуши и малтретира": Се разведува пејачката Тања

Пејачката Тања Савиќ за која долго време се пишуваше и зборуваше дека има проблеми со сопругот, се разведува по неколку години брак. Како што дознава српскиот Ало, пејачката деновиве плаче и е во депресија, а ја тешат пријателките. Таа им велела дека веќе не може да издржи во брак со својот сопруг иако го сака.

- И се меша во работата, ја дави со љубомора, не може да дише од него...Тања цела година плаче и се чувствува лошо поради него, вели извор.

Мајката на Тања потврдила дека ќерка и се соочува со голема криза и дека бракот и е на стаклени нозе.

Тања се нема огласено за овие тврдења.