Живот
17. August 2015 - 11:24

Ја фрлиле како ѓубре: Пронајдено девојче во кеса и фрлено во река

Мртво девојче кое го нарекоа Бејби До, пронајдено е во кеса за ѓубре на плажа во Бостон и полицијата бара помош за да ја идентификува.

Малечката е пронајдена уште на 25 јули, но истрагата никако не може да го утврди нејзиниот идентитет. Единствен чекор напред во истрагата е тоа што на телото се најдени траги од чад, врз основа на што се заклучиле дека престојувала во урбан простор. Откриени се и траги од полн, па се обидуваат да одгатнат од каде потекнува. Тоа би помогнало за да се утврди каде девојчето било пред смртта.

Засега не е утврдена причината за смртта. Се верува дека девојчето имало околу 4 години. На себе носело бели хеланки со црни точки.

Покрај неа било и ова ќебенце.

Полицијата со помош на компјутер направи и фото робот и бара помош за идентификација.