Свет
15. July 2016 - 12:36

Извршителот на нападот во Ница идентификуван како Мохамед Лахуеџ Бухлел

Извршителот на терористичкиот напад во Ница е идентификуван како Мохамед Лахуеџ Бухлел, жител на овој јужен француски град, објави локалниот весник „Нис Матен“.

Напаѓачот живеел во Ница и во средата изнајмил камион што го користел во нападот.

Француската телевизија И теле тврди дека во камионот биле пронајдени идентификациски документи на уште еден човек. Весникот додава дека во нападот загинал и заменик началникот на локалната полицијата.