Македонија
14. јуни 2018 - 12:53

Извршители открија криминалец - гостиварчанец падна во рацете на полицијата

Околу 11.30 часот на улицата „ЈНА“ во Гостивар, во куќата на 42-годишниот Ф.Ј. при извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли: „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм.

За пронајденото оружје, Ф.Ј. не поседувал дозвола.

Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.