Македонија
18. May 2018 - 11:50

Извршено примопредавање на должноста Заменик на НГШ на АРМ

Генерал мајор Азим Нуредин денеска во генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ) ја презема, од генерал  мајор Мухамет Рацај, должноста Заменик началник на генераштабот на АРМ.

На примопредавањето, како што информираат од ГШ на АРМ, присуствувале Началникот на генераштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и началниците на секции и канцеларии во ГШ на АРМ.

ГШ АРМ 1

Примопредавањето на должноста Заменик на НГШ на АРМ е согласно Указот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Генерал мајор Азим Нуредин досега беше началник на штаб во здружената оперативна команда.

На церемонијата генерал потполковник Методија Величковски му искажа добредојде на генералот Нуредин и му посака успешна работа и придонес во исполнувањето на  задачите кои произлегуваат од мисијата на ГШ на АРМ.  

Генералот Нуредин, се вели во соопштението од ГШ на АРМ, пред присутните кажал дека е чест, но и одговорност да се извршува една од највисоките функции во АРМ, притоа истакнувајќи дека професионализмот кај старешините во извршувањето на задачите е една од препознатливите особини која АРМ ќе ја доведе до зацртаната цел.

Генералот Рацај, истакнал дека е потребно време да се сублимира  досегашната воена кариера, во која како и останатите генерали целиот работен век го имаат посветено на армијата, притоа упатувајќи благодарност на сите припадници на АРМ за соработката.

Генерал мајор Азим Нуредин во својата воена кариера има извршувано повеќе командни и раководни функции на ранг на чета и баталјон, началник на штаб во полкот за специјални операции и во здружената оперативна команда.