Балкан
20. October 2016 - 8:50

Извршени над 20 турски воздушни напади врз позиции на курдски екстремисти северно од Алепо

Турски воени авиони извршиле над 20 воздушни напади врз позиции на курдски екстремисти северно од Алепо во северниот дел на Сирија. Притоа се убиени меѓу 160 и 200 екстремисти, соопшти турската армија.

Цел на нападите биле селата Ел Хасија, Ум ел Кура и Ум Хосе, кои Сириските демократски сили ги освоиле од ИД, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Турската армија соопшти дека се извршени 26 напади врз 18 позиции на курдските екстремисти во северниот дел на Сирија. Цел на нападите биле припадници на Единиците за народна одбрана за кои Анкара тврди дека се сириски огранок на ПКК.