Извршен претрес во Тетово, приведен дилер на дрога
Полицијата приведе 26-годишник од Тетово, во чиј дом при претрес е најдена марихуана. Приведувањето е извршено утринава околу 07:40 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје.
-Лишен е од слобода Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во дом и други простории кај Д.М. во Тетово, на ул.„Ленин“, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, инфомираат од МВР.
Приведениот е однесен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто