Македонија
30. јуни 2021 - 11:13

Извршен претрес во Тетово, приведен дилер на дрога

Полицијата приведе 26-годишник од Тетово, во чиј дом при претрес е најдена марихуана. Приведувањето е извршено утринава околу 07:40 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје.

 -Лишен е од слобода Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во дом и други простории кај Д.М. во Тетово, на ул.„Ленин“, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, инфомираат од МВР.

Приведениот е однесен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.