Бизнис
5. October 2016 - 19:38

Извозот зголемен за 6,4%, машини, транспортни уреди и хемиски производи најизвезувани

Машини, транспортните уреди, хемиски производи и други готови производи се главните извозни продукти од Македонија. За осум месеци од оваа година, според ДЗС, од земјава овие стоки се извезени во вредност од над 2 милијарди долари, или тие чинат две третини од вкупниот извоз. Заклучно со август тој изнесува 3.112 милиони долари и е за 6,4% поголем од истиот период лани.

Трендот на раст на извозот оди паралелно со зголемувањето на активноста на фабриките во зоните.  Статистиката покажуава дека најизвезувани македонски производи се катализаторите на насочи со благородни метали и нивни соединенија или производите на Џонсон Мети. Транспортните уреди  кои се значајна извозна ставка се автобусите на Ванхул.  Следат сетовите за палење за автомобислкиот сектор по отворањето на повеќе фабрики на автомобислки гиганти низ зоните во Македонија.

Сето ова придонесе за значајно подобрување на извозната структура, скапи готови производи завршуваат на странските пазари за сметка на евтините суровини чиј удел од извозот се намалува.  Тоа го намали јазот во трговската размена.  Покриеноста на увозот со извоз сега изнесува 70,9%. Пред стартот на инветсицискиот циклус таа се двиежеше околу 55%.

Паралено со извозот расте и увозот. До август тој изнесувал 4,4 милијарди евра или бележи раст од 6,2%.