Бизнис
4. јуни 2018 - 19:46

Извозот зголемен за 14,3 проценти

Извозот бележи раст од 14,3% во првите четири месеци годинава, во однос на истиот период лани. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека од Македонија се извезени производи во износ од 1,77 милијарди евра, што е за 220 милиони евра повеќе од лани.  Пораст има и кај увозот од 11,8%.

Статистичките податоци покажуваат дека најголем раст на трговската размена има кај категоријата машини и транспортни уреди. Извозот на овие производи е зголемен за 26,6%, а увозот за 21%.

Компаниите од земјава најмогу тргуваат со Германија. Потоа следуваат Велика Британија, Грција и Србија. Овие податоци значат дека носители на извозот во змејава и натаму остануваат новоотворнеите фабрики во зоните.

Покриеноста на увозот со извозот за првите четири месеци изнесува 73,7%.