Бизнис
4. July 2018 - 15:20

Извозот во првите пет месеци од годинава со раст од 14,2 отсто

Република Македонија во првите пет месеци од годинава извезла стока во вредност од 2.265.419 илјади евра, забележувајќи раст од 14,2 процент во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на увезената стока изнесува во тој период, изнесува 3.027.932 илјади евра, што е за 9,5 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 762.513 илјади евра.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица. Најмногу се увезувале платина и легури на платина, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, како и плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик.

Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.