Извозот во првите пет месеци од годинава со раст од 14,2 отсто
Република Македонија во првите пет месеци од годинава извезла стока во вредност од 2.265.419 илјади евра, забележувајќи раст од 14,2 процент во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци вредноста на увезената стока изнесува во тој период, изнесува 3.027.932 илјади евра, што е за 9,5 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 762.513 илјади евра.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица. Најмногу се увезувале платина и легури на платина, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, како и плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик.
Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација