Извозот во 2018 година со раст од 21,8 отсто
Извозот на стоки во текот на 2018 година бележи раст од 21,8 отсто во однос на претходната година, објави Државиот завод за статистика.
Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија изнесува 6.921.536 илјади американски долари.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.057.264 илјади американски долари, што е за 17,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2018 година, изнесува 2.135.728 илјади САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2018 година, изнесува 76,5 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона