Бизнис
22. April 2018 - 17:27

Извозот од зоните зголемен за 13 отсто

Компаниите од зоните во првите три месеци од годинава во странсво пласирале производи во вредност од половина милијарда евра. Извозот во споредба со истио период лани  зголемен за 13 отсто. Најдобро работела  фабриката Џонсон Мети, велат од дирекцијата на ТИРЗ за Миа.

Извозот за првите три месеци надмина 552 милиони евра што значи дека разликата меѓу извозот и увозот е над 62 милиони евра за првите три месеци од годинава, велат од Дирекцијата на ТИРЗ. 

Посочуваат дека странските инвеститори во зоните кои најмногу извезуваат во европските земји со своите производи  помогнале целосно да се промени структурата на надворешната трговија . Ако претходно од кај нас најмногу се извезувал текстил, сега од Македонија на стрнските пазари се пласираат делови за автомобили автобуси и слично.

Во меѓувреме вицепремеирот Анѓушев посочи дека се разговара со нови странски фирми  да дојдат да инвестираат тука. А домашните фирми да инвестираат во технологија за да можат да соработуваат со нив.Тонско- Кочо Анѓушев- вицепремиер за економски прашања(20,04)

Поради политичката криза во која западна Македонија минатата година, беше регистриоран пад на страските инвестиции. Во цела 2017 година тие вложиле во земјава околу  230 милиони евра  100 милиони евра помаку во споредба со претходната година.

Експертите порачуваа по  завршувањето на кризата полека да се работи на враќање на довербата кај странските компании зошто тие се значаен двигател на домашната економија.