Балкан
3. January 2018 - 18:04

Извозот на Турција во 2017 година достигна 157 милијарди долари

Извозот на Турција во 2017 година изнесуваше 157 милијарди долари, изјави турскиот министер за економија, Нихат Зајбекчи.

- Извозот се зголеми за 10,22 отсто во однос на претходната година. Бевме близу до можноста да го престигнеме рекордот од 2014 година, кога извозот на земјата изнесуваше 157,6 милијарди долари, истакна Зајбекчи.

Според него, целта на Турција е извозот да достигне 170 милијарди долари.