Бизнис
29. December 2020 - 20:13

Извозните компании погодени од кризата

Ковид пандемијата сериозно удри и по извозно ориентираните компании. Бележат пад на приходите, профитабилноста, инвестициите, вработеноста,  платите и капиталот , покажува истражувањето на Фајнанс Тинк. Овие фирми од фаза на креатори на работни места се најдоа  во ситуација да ги задржат вработените, инвестициите кои ги планираа – ги одложија, а проблем имаат и во синџирот на набавката , посебно оние  кои увезуваат од земјите членки на Унијата. Очекувањата се дека растот никогаш нема да се врати како пред кризата

За побрзо справување со последиците, ескпертите препорачуваат намалување на царините  и усогласување со оние кои важат во Унијата, субвенции за компаниите кои ќе освојуваат нови пазари,  но и  реадаптација на производството, со помалку човечки капитал

Извозниците имаат потенцијал да станат двигатели на растот – но потребно е евтините кредити да продолжат, посебно за оние кои ќе вложуваат во нова технологија. Домашните фирми пак,  можат да ја искористат шансата и да станат добавувачи на странските,  но само ако ги намалат цените и ако го сменат однесувањето, односно си стојат на договореното, покажало истражувањето на Фајнанс Тинк.