Македонија
9. December 2021 - 11:58

Извлечено возилото од езерцето во Градски парк

Автомобил „пежо“ со скопски регистрации рано утринава пропаднал во канал во Градскиот парк во Скопје.

Зад воланот седело 25 годишно момче, а според кажувањето на неговиот татко кој го набљудуваше извелкувањето на возилото, инцидентот се случил после 3 часот утринава.

Тој не откри дали неговиот син имал повреди, ниту дали во автомобилот имало и други патници. На местото беа видливи траги од кочење, а извлекувањето на возилото го следеше и полицијата. 

 

Зоран Јаневски