Фудбал
23. July 2015 - 12:15

Извлечени двојките за новата сезона во ПМФЛ

 
Денеска во „Куќата на фудбалот’’ (ФФМ), со ждрепка беа одредени двојките за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.
 
На стартот на шампионатот закажан за 9 август, најинтересно се очекува да биде на арената Филип Втори, каде актуелниот шампион Вадар ќе го пречека новајлијата во прволигашката конкуренција Шкупи.
 
Во останатите натпревари од 1.коло ќе играат: 
Шкендија – Младост Царев двор
Металург – Силекс
Брегалница – Работнички
Хоризонт - Ренова
 
Сите натпревари од првото коло ќе започнат во терминот од 17,30 часот, а првенството ќе се игра по ист системен како минатата сезона (четворо кружно).