Loading Video...
Фудбал
28. February 2020 - 14:50

Извлечени двојките за 1/8-финалето во Лига Европа

Во Седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за осминафиналната рунда во фудбалска Лига Европа. 
 
Најинтересно се очекува да биде на шпанско-италијанските дуели во кои петкратниот освојувач на Лигата на Европа екипата на Севиља за противник ќе ја има Рома, додека Интер ќе биде домаќин во првиот меч против Гетафе кој е најпријатно изненадување во Шпанија сезонава, но игра одлично и во Лига Европа
 
Останатите осминафинални парови ги сочинуваат: Истанбул Башакшекир - Копенхаген, Олимпијакос - Вулверхемптон, Г. Ренџерс - Баер Леверкузен, Волфсбург - Шахтјор и Ласк Линц - Манчестер Јунајтед.
 
Додека екипата на Базел го очекува исходот од вечерашниот дуел меѓу Салцбург и Ајнтрахт во кој германскиот тим ќе влезе со предност од 4:1 остварена на првата средба во Франкфурт.
 
Првите осминафинални натпревари на програмата се на 12 март, додека седум дена подоцна (19 март) ќе се играат реванш дуелите.