Балкан
10. May 2016 - 8:58

„Извинете соседу сакав да се убијам“ - Актерката Неда ќе остане инвалид?

Неда Арнериќ, српската актерка нам добро позната како „Исправи се Делфина", во неделата падна од третиот спрат, на висина од десетина метри од својата тераса. Лекарите стравуваат дека поради тоа Неда можеби ќе остане во инвалидска количка.

63-годишната легендарна актерка со падот од десетина метри скрши три пршлени, поради што постои опасност да остане неподвижна. Актерката со три скршени вратни пршлени е итно задржана во Ургентниот Центар каде лекарите прават се за неа.

- Некој викаше за помош, излегов и ја видов Неда како лежи на плочникот. Не можеше да ги мрда рацете и нозете, само ми рече, Извинете соседу сакав да се убијам, вели сосед за српскиот Курир.

Нејзиниот сопруг пак тврди дека дошла уморна од работен состонок и отишла да ги испружи алиштата, по што се лизнала и паднала.