Свет
23. March 2018 - 13:29

Извикал „Алах акбар“ и почнал да пука во супермаркетот - Нов терористички напад во Франција

Во супермаркет на југозапад во франција маж кој тврди дека е припадник на ИД држи заложници, јави АФП.

Како што пишуваат француските медиуми, тој влетал во супермаркетот, ја отворил вратата и извикал „Алах акбар“.

- Има две жртви, изјави градоначалникот на градот Треб каде е инцидентот. Тој не прецизира дали станува збор за повредени или убиени.

Францускиот главен обвинител изјави дека заложничката криза ја третира како терористички напад. 

Премиерот Едуар Филип ја оквалификува како „сериозна ситуација“ со земањето заложници во супермаркет во јужна Франција.

Претходно, вооружен маж пукаше врз полицаец во градот Каркасон што се наоѓа во близина на Треб.

Не е јасно засега дали двата инцидента се поврзани, јави АФП.