Македонија
4. December 2017 - 16:08

Известувањето за симнатиот имунитет на пратениците пристигна во Кривичниот суд

Судија на претходна постапока утре на пладне ќе ги сослуша 6 -мина пратеници за кои јавното обвинителство бара притвор проади учество во настаните од 27 април.

Собраниското известување за симнатиот пратенички имунитет пристигнало во судот. Од скопска единица велат дека судиите на претходна постапка го добиле иузвестување поа со тоа се создадени услови да се одлучува за предлогот на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителите бараат мерка притвор за пратениците: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Ги сомничат за терористичкоз агрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата поради како штои тврдат учестѕво во настаните од 27 април.

До сега во приутвор се спроведенји 22 лица а недостапони за органите на прогон се уште шестмина. Министерот за внатрешни рфаботи изрази очекување набрзо и тие да бидат процесуирани.

За настаните од 27 парил во притвор се екс министерот за внатрешни Митко Чавков како и тројцата организатори на протестите за заедничка Макеоднија Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски .

По првичниот распит судот одреди 6 мерки куќен притвор кои подоцна беа преиначени за осомничените беа однесени впо истражниот затвор во Шутка.