Известување за посебен режим на сообраќај во Скопје во среда и четврток
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 23 и 24. 09. 2020 (среда и четврток) ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ - Карпош. За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул.„Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење