Свет
19. October 2016 - 8:42

„Известија“: Русија разработи воен интернет

Руските сили завршија со разработка на воен интернет со официјално име Дискретен сегмент за пренос на податоци. Тоа го изјави за весникот Известјија претставник од Министерството за одбрана.

– Воената мрежа не е поврзана со глобалниот интернет, и сите компјутери приклучени на неа имаат заштита од надворешен пристап, наведува весникот.

Системот веќе функционира со полн капацитет и во секој воен оддел има сервери што шифрираат и доставуваат информации. Сајтовите од тој сегмент се достапни само од компјутери сертифицирани од руската Служба за зачувување државна тајна. Во мрежата активна е и е-пошта за пренесување тајни информации меѓу кои и документи со назнака „строго доверливо“.