Македонија
27. јуни 2020 - 12:24

Извештајот од распитот на Ден Дончев, денеска МВР ќе го испрати до обвинителството

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека записникот кој вчера го направиле инспекторите за организиран криминал од ПС Карпош од распитот на Ден Дончев, во текот на денот ќе биде испратен до Јавното обвинителство.

Тој при денешната посета на СВР Куманово рече дека од распитот на Дончев кој траел 40-тина минути биле прибрани податоци за видеото кое излезе во јавноста за кое се тврди дека на него се гледа Дончев како зема пари.

- По јавниот повик на Обвинителството дека за видеото треба д постапува МВР и Финансовата полиција, Министерството за внатрешни го повика на разговор поранешниот директор на ФЗОМ, Ден Дончев, изјави Министерот Наќе Чулев.

Ден Дончев вчера попладне бил повикан на разговор во ПС Карпош.

Претходно, ОЈО се прогласи за ненадлежно да постапува за видеото кое се појави во јавноста и ги повика објавувачите да ги достават материјалите до обвинителството или полицијата

 

Зоран Јаневски