Извештајот на Стејт Департментот со забелешки за судството и медиумите
Американскиот Стејт Департмент го објави својот најнов годишен извештај за почитување на човековите права во светот. Во делот од извештајот посветен на Македонија, главните забелешки се поврзани со аферата Пуч, и со обвинувањата изнесени од страна на СДСМ во текот на 2015 година. Врз основа на овие забелешки, извештајот оценува дека главни проблеми во врска со почитувањето на човековите права во Македонија се високото ниво на корупција, нецелосното почитување на владеењето на правото од страна на властите, и обидите да се ограничат медиумските слободи.
- Во февруари, опозициската партија СДСМ објави снимени комуникации кои наводно откриваат несоодветно однесување и злоупотреба на положбата од страна на извршната власт. Властите притворија пет лица осомниечни во врска со скандалот со прислушкување. Пресретнатите разговори објавени од опозициската СДСМ наводно укажуваат на несоодветно вијание врз судството од стран ана извршната власт. Многубројки разговори отсликуваат влијание на претставници на извршната власт врз процесот на именувања во судството. На 30 април, властите го обвинија опозицискиот лидер Зоран Заев за обид за насилство врз највисоките државни функционери - обид за подривање на власта, во врска со случајот со прислушувањето. Заев тврди дека целиот случај е политички монтиран и во јули престана да се придржува кон условите изречени при одлуката да се брани од слобода велејќи дека не го признава авторитетот на судот, пишува во извештајот на Стејт Департментот, во кој понатаму детално се опишуваат настаните поврзани со аферата Пуч и формирањето на Специјалното јавно обвинителство.
Во делот со медиумите, извештајот тврди дека продолжуваат притисоците на властите врз медиумите, со бројни поплаки примени од Здружението на новинари на Македонија и други медиумски претставници. Извештајот наведува дека во водечките медиуми ретко има критики упатени кон власта, за која се наведува дека можеби го користи своето влијание како голем медиумски огласувач за да влијае врз медиумите. Извештајот исто така наведува дека повеќемина новинари пријавиле дека биле изложени на закани и притисоци, наводно вклучувајчи и закани од владини претставници.
Во делот на извештајот на Стејт Департментот кој се однесува на заштитата на бегалците, нотирано е дека Македонија во 2015 година се соочила со драматичен бран бегалци и економски мигранти, при што се проценува дека повеќе од 650.000 лица поминале низ македонската територија во втората половина на годината. Повеќето од овие лица ја напуштиле Македонија во одредениот рок за транзит од 72 часа. Извештајот пренесува критики од други организации, како што се Амнести Интернешнл и Хјуман Рајтс Воч, дека азилантите при пропатување низ Македонија биле изложувани на малтретирање од страна на полицијата, особено во Центарот за прием на странци во Скопје.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово