Македонија
24. April 2018 - 9:06

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања

Во Собранието денеска започнува разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. 

Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Семуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс" во Вашингтон.

Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.