Извештај за напредокот, па посета на Хан и Могерини
Македонија утре од Европската комисија треба да го добие Извештајот за напредокот, а ден потоа се очекува посета на еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа го потврдија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи и на отворениот брифинг за новинарите.
- Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме, заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ, рече Заев.
Османи го темели својот оптимизам на тоа што, според него, Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти.
Вицепремиерот најави дека реформите ќе продолжат и по оценката за напредокот
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада