Македонија
21. April 2018 - 16:11

Извештај на Стејт Департментот за човековите права во Македонија

Недостиг на судска независност, корупција, насилство врз новинари и тортура во затворите се само дел од забелешките на Стејд департментот во најновиот извешатај за човековите права во Македонија.

Во извештајот се нотира дека судовите не успеваат да обезбедат соодветно оправдување за замена или прекинување на притворите, а правдата е спора поради континуирани одложувања на судењата.

„Судството не покажа независност и непристрасност, а судиите се предмет на политичко влијание и корупција. Резултатите од многу судски постапки се појавија предодредено, особено во случаите кога обвинетите имале ставови или превзеле дејства против Владата“, стои во извештајот.

Стејт департментот нотира и притисок, неказнетост на сторителите и поделеност по политички линии во медиумите, а како пример се посочуваат настаните во Собранието од 27 април. Во извештајот се вели дека осудено лице е директор на скопска клиника, дека продолжуваат партиските вработувања и доминацијата на Владата во економијата што создава можност за корупција.

„Владата е најголемиот работодавец во земјата. Аналитичарите проценуваат дека се вработени дури 180.000 лица и покрај официјалните статистички податоци кои покажуваат вработување во јавниот сектор од околу 128.000 лица“.

Стејт департментот нотира недостатоци и во владиниот однос кон невладините организации кои работеле на истраги за кршење на човековите права.

Извештајот заклучува дека Управата за јавни приходи ги насочила истрагите кон невладините организации кои биле критични за политиките на владата предоводена од ВМРО-ДПМНЕ.