Балкан
2. јуни 2017 - 10:04

Извештај на омбудсманот на Грција за проблемите со бегалците

Недостиг на централно планирање и координација, взаемно изземање на надлежностите и отуство на институција со контролни функции во управувањето со бегалците во Грција констатира главниот обудсман во земјата во својот извештај. 

Во документот акцент се става на проблемот со постоечките структури за прием на бегалци, на опасноста од гетоизација на бегалските центри и на отпорот на грчкото општество да ги интегрира тие странци. 

Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос истакна дека Европската комисија уште од самиот почеток на бегалската криза застанала на страната на Грција и соработувала со неа на политички и финансиски план, како и на терен.

- Мобилизиравме и продолжуваме да мобилизираме секаков вид ресурси, за да ги подобриме напорите на Владата во Атина и на грчкиот народ за надминување на постоечките проблеми со бегалците и мигрантите, додаде Аврамопулос.