Бизнис
9. July 2019 - 20:38

Извештај: АЕК и АВМУ трошат многу помалку отколку што имаат буџет

Има голема разлика меѓу приходите и расходите кај регулаторните тела. Извештајот за работата на Агенцијата за електорнкси комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми покажува дека со години тие не трошат колку што заработуваат и таа разлика ќе мора да се пегла во наредниот период.
 
АЕК во 2018 потрошила само 47% од предвидените средства, а најголемата расходна ставка биле платите. За капитални инветсиции биле потрошени само 12%. Кај АВМУ пак потрошените пари во имзинатите години се за триесетина проценти пониски од предвиднеото. 
 
Извештајот нотира дека двете агенции кои се регулатори на пазарот на електронски услоги и медиуми иако располагаат со солидни буџети се малку познати кај јавноста. Заради негативни вести, како што се непотизам во вработувањата, во послендиот период сепак нивната препознатливост се зголемила, но таа не е доволна. 
 
 
Ова е трет извештај за работата на АВМУ и АЕК, во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите, што го  спроведуваат Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.