Македонија
18. January 2017 - 8:47

Изведба на операта „Дон Џовани“ со солисти од Италија

Македонската опера и балет вечер ќе го изведе популарното оперско дело од Моцарт „Дон Џовани“. Во  најновата изведба диригент ќе биде Џанлука Мартиненги од Италија, кој е шеф-диригент во МОБ за оваа сезона.

Во претставата учествуваат солисти од Италија - во насловната улога ќе настапи Лука дел Амико, а гости се и неговите сонародници  Роберто де Кандиа (Лепорело) и Џорџо Труко (Дон Отавио). Во екипата се и македонските солисти: Александар Стефановски (Комендаторе); Благица Поп-Томова (Дона Ана); Злата Тошевска (Дона Елвира); Гонца Богоромова  (Церлина) и Васко Здравков (Мазето).  

„Дон Џовани“ е опера во два чина со музика од Моцарт и италијанското либрето на Лоренцо да Понте, а се базира на легендите за Дон Жуан -  измислен развратник и заводник.