Македонија
15. August 2022 - 15:54

Извадена граната од водите на Вардар

На 14.08.2022 година во 08.25 часот во СВР Велес било пријавено дека рибар кај место викано „Мало мовче“ од водите на р.Вардар во Велес е извадена граната.

Во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е обезбедена и извлечена од водите на реката Вардар.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.