Македонија
26. May 2023 - 15:59

Изваден женски труп од Вардар кај Ново Село

Вчера во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп.

Како што соопштија од МВР, од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот.