Живот
19. November 2015 - 14:24

Изразите на љубов на деветгодишно момче го освоија Интернет

Социјалните мрежи го променија начинот на комуникација, па и децата уште од мали нозе веќе се прилагодија на новиот начин на живеење.

Доказ за тоа е и едно девегодишно момче од САД, кое ја искористило социјалната мрежа Твитер за да и предложи на „девојката од неговите сништа“ да „бидат заедно“.

Љубовната преписка на малиот заводник ја објави неговиот постар брат Фреди Амејзин и таа со голема брзина се прошири на Интернет.

- И... дали ние сме заедно, прашува девојчето,

- Не знам, сакаш ли да бидеме заедно?, возвраќа момчето со прашање.

- Само ако ти сакаш, се надворзува девојчето. 

Набрзо потоа следува прашање на девојчето: „дали ме сакаш“ и секако деветгодишното момче одговара потврдно, а кога му возвраќа дека „таа го сака повеќе“, тој додава дека „ја сака повеќе од Галаксијата“ и „повеќе од Вселената“. 

Тој уште и ветува и дека ќе земе „некој долар“ од родителите за да може да и купи сладолед.