Израелски воздушни напади врз позиции на Хамас како одговор на ракетен оган од Газа
Израелски воени авиони утрово извршија воздушни напади врз воени позиции на екстремистичкото движење Хамас во северниот дел на Газа, како одговор на ракетен напад од Појасот врз јужен Израел, соопшти израелската армија.
- Израелските одбранбени сили сметаат дека терористичката организација Хамас е одговорна за овој непријателски чин, преземен од Газа, се вели во соопштението.
Израелските ракети ги погодиле своите цели и предизвикале сериозни штети. Нема загинати луѓе, соопштија медицински извори во Газа, каде се случиле силните експлозии.
Весникот „Тајмс оф Израел“ јави дека ракетниот напад во Газа предизвикал сериозни оштетувања на израелска територија, но нема повредени. Ракетите ги погодиле израелските села Натив Хасара и Јад Мордекај во јужен Израел.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа