Свет
4. January 2017 - 14:25

Израелски војник кој застрела палестински напаѓач прогласен за виновен за убиство без предумисла

Израелски војник, кој беше снимен како отвора оган кон ранет палестински напаѓач, откако тој веќе бил разоружан, беше прогласен за виновен за убиство без предумисла. 

Судиите не ги зедоа предвид аргументите на одбраната, која заклучи дека е неспорно оти истрелот на војникот го убил 21-годишниот Палестинец и додаде дека тој „загинал непотребно“. 

Денешното судско рочиште привлече големо внимамие во Израел и стотици лица се собраа за да простестиртаат пред Судот за поддршка на обвинениот.

- Две лица се уапсени, изјави израелската полиција.

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја означи пресудата како „тешка“ и изрази несогласување со неа, но ја повика јавноста да ја прифати.