Свет
28. May 2018 - 15:03

Израелски воени авиони пресретнале руски борбени авиони

Израелските воени авиони денеска пресретнале руски борбени авиони над Либан.

Два авиона Ф-16 пресретнале Сухои СУ- 34 над Триполи и се оддалечиле.

Според извештаите, кои ги цитира весникот „Хадашот“, руските авиони можеби учествувале во вежби над крајбрежјето на Либан и Сирија, но, биле принудени да слетаат поради лошите временски прилики.

Тоа е првпат по повеќе месеци руски авиони да влезат во либанскиот воздушен простор од Сирија. Причината на мисијата на авионите е непозната. 

Израекси авиони често летаат над либанскиот воздушен простор во извидничка мисија.

Многу израелски напади на цели во Сирија се изведуваат од либанскиот воздушен простор.