Свет
27. јуни 2017 - 9:12

Израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас во Газа

Израелски воени авиони извршија напад врз позиции на Хамас во Газа во одговор на ракетен напад извршен претходно врз Израел од Газа.

Неколку експлозии беа регистрирани во западниот дел од Газа и во централните и јужни реони на територијата. Нема информации за жртви.

Израелската армија соопшти дека нејзини воени авиони извршиле удари врз воени објекти на Хамас како одговор на ракетен напад синоќа од Газа врз израелски цели.

Група во Газа поврзана со ИД презеде одговорност за ракетниот напад. Хамас е на власт во Газа од 2007 година.