Живот
28. April 2016 - 11:58

Израелски експерти измислиле фластер за срцеви заболувања

Научници од Израел направиле спасоносен фластер кој може да ги следи и третира срцевите проблеми. 

Научниците развиле фластер, испечатен со помош на 3Д технологија, кој содржи живо срцево ткиво создадено во лабораторија, и нано електроника. 

-Улогата на електрониката е да ја следи функцијата на ткивото и да го активира кога е потребно, вели Тел Двир од Универзитетот во Тел Авив. 

Освен намалената потреба за лекарства, тој апарат може да помогне срцевото ткиво да се регенерира, како и да го извести лекарот на далечена за неговата здравствена состојба, пренесува Гласот на Америка. 

За срцето кое има трајно оштетување поради болест или срцев напад, фластерот може да стане алтернатива за трансплатација на срце, а може и да води до нови, поголеми откритија. 

Срцевиот фластер се уште треба да се тестира, а можеби ќе поминат и многу години пред да биде пуштен во употреба.