Свет
1. December 2015 - 9:54

Израелската армија уби палестински напаѓач

Израелската армија денеска соопшти дека убила Палестинец кој се обидел со нож да избоде Израелец на раскрсница на Западниот брег.

Во инцидентот нема жртви на израелска страна, но во пукотницата полесно е повреден друг Израелец, соопшти армијата.

Тоа е најнов во низата напади кои почнаа во средината на септември поради тензиите на Западниот брег. Оттогаш во напади убиени се 19 Израелци и најмалку 99 Палестинци, од кои 64 според израелските власти, биле напаѓачи.