Свет
11. July 2019 - 18:24

Израелската армија по грешка застрела палестински војник

Израелската армија денеска уби припадник на Хамас во градот Беит Ханоун, северниот дел на Појасот Газа.

Според израелската армијата тој бил застрелан по грешка. Тоа е прв инцидент од мај кога беше постигнат неформален прекин на огнот.

Хамас соопшти дека израелската армија „намерно пукала“ и се закани со одмазда за убиениот член.
Израел и Хамас во мај беа на работ на војна, што беше најжесток судир од војната во 2014 година.

Палестинците го гранатираа Израел, а израелската армија изврши повеќе воздушни напади врз цели во Појасот Газа. Во судирите загинаа 23 Палестинци и петмина Израелци. Египет, Катар и посредниците од Обединети нации не успеаја да постигнат траен прекин на огнот.