Свет
5. July 2020 - 9:52

Израелската анексија на Западен Брег: Сценарија и рефлексии

Израелската војска продолжува со подготовките за сценариото за реализација на планот за анексија, објавен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека ставовите во рамките на коалициската Влада се разликуваат во однос на времето и димензијата на анексијата. Израелската безбедносна агенција изрази страв од неочекувани проценки на последиците од пшрипојување на териториите во односите со Јордан и со палестинската страна.

И покрај различни израелски ставови, ционистичките партии се едногласни дека е неопходно да се анектираат Долината Јордан и доселеничките населби, но не се согласуваат околу механизмите. Партијата Ликуд, предводен од Бенџамин Нетанјаху, се залагаше планот за анексија да почне да се спроведува од 1 јули, додека неговиот коалициски партнер во Владата, Сино и бело, предводена од министерот за одбрана Бени Ганц, нагласува дека тоа треба да се направи во согласност со американскиот мировен план за Блискиот Исток.

Во контекст на воздржаноста на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп кон каков било израелски едностран потег, американска делегација предводена од претставникот на претседателот Трамп, Ави Берковиц пристигна во Тел Авив за да преговара со Нетанјаху и Ганц за планот делови од Западниот Брег да се стават под израелски суверенитет, имајќи во предвид то а што Белата куќа не му даде зелено светло на Израел за спроведување на планот за анексија за време на разговорите во присуство на амбасадорот Дејвид Фридман.

Четврти избори

Во контекст на јорданските и палестинските ставови, што ја отфрлаат оваа анексија и противењето од Европската Унија, но и различни ставови во рамките на владата поврзани со овој план, Нетанјаху навести можност за излегување на четвртите избори, знаејќи дека не му треба Ганц и неговата партија за да се донесе законот за анексија во израелскиот Парламент, Кнесетот.

Но, стапицата што му се заканува на Нетанјаху, кој бара спас за да ги надмине своите внатрешни кризи поради случајот со корупцијата и судењето на премиерот, се наоѓа во членот 28 од договорот за коалиција помеѓу Ликуд и Сино и бело, според кој Нетанјаху и Ганц треба да работат во договор и во целосна координација со САД за планот на Трамп. Тоа подразбира и мапи за анексија, кои треба да бидат презентирани пред Американците и се потпира на меѓународен дијалог и разбирање за тоа  прашање.

Со оглед на разликите и несогласувањата, Тел Авив се подготвува за чекори што Палестинската управа би можела да ги преземе во Советот за безбедност, овој пат врз основа на поглавје седум од Конвенцијата на Обединетите нации за закани по мирот, и дозволува наметнување санкции кон агресорот (израелска окупација) и работа на спротивставување и неутрализација на истот. Покрај тоа, Палестинската управа може да организира демонстрации, протестни митинзи и судири со израелската армија на Западниот Брег.

Игра на суверенитетот

Во обид да се предвиди каква било практична акција за спроведување на планот за анексија, дури и делумно, Институт Ерусалим за стратегии и безбедност (ЈИСС) одржа семинар под наслов „Игра на суверенитетот“, симулирајќи ја имплементацијата на анексијата и нејзините последици по Израел, Палестинската управа, Јордан и очекуваните случувања на теренот.

Оваа „игра на суверенитет“ јасно ја покажа комплексноста на очекуваната одлука, нејзините ефекти и последици што ги опфаќа светот и регионот, иако од симулацијата, што се потпираше на настани и факти на теренот, не можеше се да биде јасно, бидејќи останаа многу прашања и дилеми на чекање, отворено и без одговор.

Перцепцијата произлегува од одлуката на владата на Нетанјаху и Ганц поврзано со примената на суверенитетот врз делови од Западниот Брег, а резултатите од овој драматичен потег се веднаш видливи. Сепак, последиците и долгорочните ефекти се се уште неизвесни и непознати, бидејќи овој чекор ќе му донесе економски, меѓународни и безбедносни оптоварувања на Израел.

На семинарот беше заклучено дека првите одговори ќе бидат жестоки и фокусирани на спроведување на поединечни акции на Западниот Брег против доселениците и армијата, како и наметнување економски санкции за Израел од страна на Европската Унија. И покрај тоа, се чини дека Израел ќе може да го спречи тоа.

Решението две држави

Професорот Ефраим Инбар, директор на ЈИСС, верува дека во првата фаза на спроведување на израелскиот закон, Владата би можела да се фокусира на Долината Јордан и стратешките области, што се важни од безбедносни причини во областа Ерусалим, доселеничките станбени блокови Маале Адумим, Гуш Етзион и Ариел, области што претставуваат проект за населување на Западниот Брег и имаат национален консензус во Израел.

За да се обезбеди поддршка од Белата куќа за израелските потези, директорот на ЈИСС ја советува Владата на национално единство предводена од Нетанјаху да го прифати планот на Трамп со сите негови ставки, вклучително и ставката во која се вели дека треба да се врати на преговори со палестинските власти орган и да воспостави палестинска држава.

Според Инбар, мировниот план на САД за Блискиот Исток е најреален пат за напредување кон постигнување на решението две држави двете држави, како практична алтернатива за сегашниот застој во израелско-палестинските преговори. Значи, Така, тука е примарното значење за поставување на основите темелите за постепено спроведување на така наречениот „договор на векот“.

За да се спречат на какви било регионални реакции, Инбар верува дека израелската Влада треба да покрене е тајни преговори и консултации за се што е поврзано со анексијата, да го активира планот на Трамп и да го интензивира дијалогот со земјите од Заливот. Израелската Влада треба да биде целосно подготвена за тешките мерки, одлуки и чекори на кои може да биде сведок европската сцена и да мобилизира поддршката од пријателските европски земји кои имаат заеднички стратешки интереси со Израел на Блискиот Исток.

Постепена анексија

Од своја страна, Амос Харел, воен аналитичар во „Хаарец“ оцени дека дека Нетанјаху почнува со „симболична анексија“, што нема да ги преминува деловите од доселеничките населби на Западниот Брег и доселеничкиот станбен комплекс „Маале Адумим“веднаш до самиот Ерусалим, а тоа се области длабоко вкоренети во израелската свест и за кои постои ционистички консензус.

Воениот аналитичар објасни дека Нетанјаху на состанок со претставници на доселениците разговарал за постепено анектирање односно во две фази. Првата фаза би опфаќала 30 проценти од областа на Западен Брег, а втората фаза би ја опфатила Долината Јордан. Сепак, претставниците на доселениците ја отфрлија идејата и ја доведоа во прашање искреноста на Нетанјаху и неговата способност да исполни ветување за втора фаза на анексија во иднина.

Со оглед на влошената израелска економска криза и фактот што еден милион работници се регистрираа како невработени поради пандемијата на новиот коронавирус и се соочуваат со втор бран на инфекција, се чини дека Нетанјаху, како што наведува Харел,  „во исто време почнува да се подготвува за за можен изговор за замрзнување на анексијата, изнесувајќи обвиненија против Ганц и министерот за надворешни работи Габи Ашкенази“.

Меѓутоа , Харел ја доведува во прашање сериозноста на заканите на Нетанјаху за одржување на четврти избори поради несогласувањата со партијата Сино и Бело за планот за анексија. Тој посочува дека анексијата не е важна за израелскиот гласач во оваа фаза, туку пандемијата на новиот коронавирус и нејзиното ширење во земјата и огромната економска криза предизвикана од појавата на вирусот.

Стратешки пресврт

Истражувачот  во Израелскиот центар за стратешки студии „Бегин-Садат“ (БЕСА), генерал-мајор во резерва Гершон Хакохен истакна дека Нетанјаху е во вртлог и дилема за примена на суверенитет во Долината Јордан, доселеничките населби и делови од Западниот Брег. Тој вртлог го доведува Нетанјаху до стратешката, централна и најтешка точка на пресврт во историјата на државата.

Кога станува збор за безбедносниот аспект, генерал-мајор Хакохен изјави дека има потреба да се обезбеди практичен и што е можно побрз одговор, пред се на прашањето што се однесува на контролаа и управувањето со главните сообраќајни правци во Западниот Брег и Долината Јордан. Израелскиот премиер ветува дека, дури и во случај на спроведување на планот на Трамп, израелската армија ќе биде надлежна за безбедноста во таа област. Според тоа, остварување на суверенитетот и покрај опасностите, ќе претставува историска можност за еврејскиот народ, истакна генерал-мајорот.

Според него политичките опасности и последиците од планот за анексија во регионот и во Европа не се ништо помалку од безбедносните ризици што се заснова на неможноста на Израел да го задржи привременото безбедносно присуство во регионот на Долината Јордан.

Што се однесува до заканите од палестинските власти и од Јордан, но и ставовите на Каиро за анексија, генерал-мајор дека „Египет и Јордан го користат мировниот договор како средство за да го одвратат Израел од извршување безбедносни и политички интереси, создавајќи динамика на соживот во мирот. Денес, Израел се наоѓа на крстопат и се соочува со заканите кои доаѓаат од лидерите во регионот. Според тоа, независната одлука на Израел да ги зајакне своите суверени интереси не е ништо помалку значајна од прогласување независност“.