Израел успешно тестираше напреден ракетен пресретнувач
Министерството за одбрана на Израел соопшти денеска дека таа земја успешно тестирала напреден ракетен систем за одбрана, кој има можност да се одбрани од балистички ракети за уништување цели надвор од атмосферата.
Министерството оцени дека успешната тест-мисија на пресретнувачот Ероу-3 (Arrow-3) е „голем камен-темелник“ на способноста на Израел да се одбрани од „сегашните и идни закани во регионот“. Двете неодамнешни тестирања на системот беа откажани.
Ероу-3 е дел од повеќеслоен систем кој Израел го развива со цел да се одбрани и од ракети од краток дострел, истрелани од Појасот Газа и Либан, како и од ракети со голем дострел од Иран.
Пресретнувачот го развија Израелската воздушна индустрија и американскиот гигант Боинг, а оспособен е во јануари 2017 година.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња