Израел сооопшти дека го уништил системот од подземни тунели на Хамас во Појасот Газа
Израелската армија денеска соопшти дека го „неутрализирала“ широкиот систем од подземни тунели, ископан од милитантите на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните борбени авиони уништиле повеќе од 90 километри тунели што го сочинуваат подземниот систем познат како Метро, а исто така и како „град под градот“.
ИДФ соопшти дека во текот на ноќта продолжиле нејзините воздушни напади и артилериско бомбардирање, погодувајќи цели, вклучувајќи ја куќата на командантот на Хамас во Кан Јунис, фабрика за оружје и ракетни лансири на Хамас, пренесе ДПА.
Израелската армија соопшти дека тунелите биле изградени во период од пет години и му овозможиле на Хамас, кој владее со појасот Газа, да пренесува муниција, борци и храна во рамките на крајбрежниот појас.
Со операцијата се демантираат тврдењата дека Израел и Хамас работат на прекин на огнот, во услови на нов притисок врз двете страни од САД за прекин на борбите.
Палестинците во текот на ноќта, особено по полноќ, истрелале повеќе ракети кон израелските градови.
Според ИДФ, во текот на изминатата 1,5 недела од Појасот Газа кон Израел биле истрелани околу 4070 ракети.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок